Следниот прволигаш што ќе гостува кај Мирандес може да прими пет гола

Убиецот на фаворити во шпанскиот фудбалски клуб, клубот Мирандес, со пласманот во полуфиналето испиша историја. Тие се единствениот клуб кој двапати бил во полуфиналето на ова натпреварување, а не бил прволигаш. Пред осум години стигнаа до полуфиналето како третолигаши.

Сезонава Мирандес го искористи правилото дека се игра еден меч, па играше дома и ги елиминираше прволигашите Селта, Севилја и Вилјареал. На тимот од Виго му даде два, на Андалузијците три, а на Жолтата подморница дури четири гола. Во Шпанија го плашат следниот ривал дека на гостувањето во Миранда ќе прими пет гола. Ако биде Гранада, зошто да не? Против Реал, Барса, Сосиедад или Билбао би одело потешко.

Но, полуфиналето се игра во два меча, па прволигашот ќе има шанса за поправен доколку загубат од „убиецот на фаворити“.

- Оглас -

Најнови вести