Слепо момче даде кош на средношколски натпревар (Видео)

Средношколскиот тим на Норт Полк од малото гратче Алеман во сојузната држава Ајова во САД во својот состав има едно момче кое боледува од церебрална парализа и официјално се води како слепо, иако гледа малку, а кога тоа момче даде кош, предизвика воодушевување кај сите.

Клеј Ворнер е роден предвреме (во 23-та недела) и иако носи очила, од бебе речиси е слеп, но сега има 18 години и хендикепот не го спречи со своите соученици да заигра на еден кошаркарски меч од средношколска лига. Кога постигна кош, на трибините имаше огромна радост, аплаудираа и противниците.

Клеј тренираше со тимот, но досега никогаш немаше влезено во игра. Тренерите се плашеа да го стават во игра за да не се повреди. Тој не може добро да го види обрачот, некогаш и топката не може да ја види, па тимските колеги не му додаваат директно в гради, туку прво таа да отскокне од паркетот.

Овојпат доби шанса, неговиот тим на една минута до крајот губеше со 18 поени разлика, тој упати шут кон кошот и баскетот влезе низ обрачот.

- Оглас -

Најнови вести