Слимани и Грант ќе бидат гарант за опстанок на ВБА

Вест Бромвич Албион ќе се обиде да се засили со двајца напаѓачи во финишот на преодниот рок, а Славен Билиќ објави дека се во преговори со Карлан Грант од Хадерсфилд и со подзаборавениот шпиц на Лестер, Ислам Слимани.

„Ни требаат засилувања во нападот, а Грант и Слимани се квалитетни офанзивци и ако успееме да ги ангажираме ќе направи голем чекор напред“, изјави Билиќ.

Грант е поливалентен офанзивец и може да игра и како шпиц, но и како лево крило, а во ланската сезона постигна 19 голови за Хадерсфилд.

За негов ангажман ВБА има уште две седмици, бидејќи за англиските играчи во Премиерлигата преодниот рок трае до 16. октомври.

Ако сакаат да го доведат и Слимани тогаш челниците на ВБА ќе мора да реагираат побрзо, бидејќи тој е Алжирец и за ангажман на странци рокот во англиското првенство е до понеделник до 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести