Слот објасни зошто Ливерпул загуби од најслабиот тим во втората лига на Англија

Најдобриот тим во англиската Премиер лига во моментов, Ливерпул е елиминиран во 16-финалето на ФА Купот, откако неочекувано загуби со 1:0 на гостувањето кај Плимут. Оваа елиминација на Ливерпул е повеќе од неверојатна затоа што Плимут е тим кој е последен ов Чемпионшип и имаше само една победа во последните три месеци.

По завршување на мечот, тренерот на Ливерпул Арне Слот ја честиташе победата на домаќините и објасни зошт неговиот тим загуби.

„Плимут одигра одличен меч. Имаа одличен план, работеа многу напорно и за нивната игра беа наградени со пенал, кој беше исправно досуден. Заслужуваат честитки за нивиот перформанс. Не сум задоволен од начинот на кој ние игравме. Само сум задоволен затоа што момците се бореа до последен момент. Овој меч покажа дека на овие играчи им е потребен ритам, потребни им се повеќе вакви мечеви за да може да бидат во форма во клучните неколку месеци од сезоната“, рече Слот по елиминрацијата од ФА Купот.

- Оглас -

Најнови вести