Словачка си го заврши својот дел од работата откако во драматичен меч славеше на гости кај Данска со 72:71, во меч од квалификациите за пласман на Европското кошаркарско првенство. Со овој триумф Словачка ја завршува групата со 10 бодови и моментално има еден бод повеќе од Македонија, која ќе гостува кај Норвешка од 18 часот.
Доколку Македонија победи, нашата селекција ќе го освои првото место во групата со 11 бодови. Со пораз, Македонија ќе има 10 бодови, но така ќе остане на второто место зад Словачка, затоа што во меѓусебните дуели, Словаците имаат подобра кош-разлика од Црвено-жолтите.
Нашите кошаркари со победа сигурно одат во квалификациите за Еврпбаскетот 2025, а ако завршиме како втори, шансите за место на ЕП ќе треба да ги бараме во нови баражи и мечеви за место во главните квалификации.
Норвешка е селекција која во ноември во Гевгелија го совладавме со 58-36 и тоа беше рекордно најмалку примени поени на македонската репрезентација на еден натпревар.