Словаците ги чека пекол во Скопје – На Македонија ѝ треба победа, влезот за навивачите е слободен во СРЦ Кале

Македонската кошаркарска репрезентација нема многу време за радост по драматичната победа со Данска, кога Ненад Димитријевиќ погоди тројка од пола терен за триумф од 73:70 бидејќи веќе в недела ни гостува Словачка.

Триумф против нив веќе јасно ни отваоа перспектива кон првото место во претквалификациската група Д за настап на Евробаскетот и затоа од МКФ одлучија да ги почестат навивачите со слободен влез.

Мечот ќе се игра во салата „Кале“ од 19 часот во недела и ќе може да се следи бесплатно од трибините.

Словаците неочекувано загубија, и тоа убедливо од Норвешка со 68:87 во првото коло и сега веќе немаат избор, а победа ѝ треба и на Македонија, па се очекува интересен дуел од второто претквалификациско коло за пат на Евробаскетот што ќе се игра во 2025 година.

 

- Оглас -

Најнови вести