Словаците се заканија дека ќе ја победат Хрватска

Хрватска на свој терен ќе ја пречека Словачка во меч на кој Коцкестите треба да слават пласман на завршницата на Европското првенство 2020. Моментно, Хрватска е лидер во групата со 14 бодови, пред Унгарија со 12 и Словачка со 10 (има и еден меч плус за доигрување).

На актуелниот светски вицепрвак доволно ќе му биде да освои еден бод за да се радува на настап на континенталниот собир, но Словаците се заканија дека ќе атакуваат на трите бода.

„Наша цел е да победиме. Да освоиме три бода во Хрватска. Иако тоа можеби звучи чудно бидејќи дома загубивме со 0:4, сега сакаме да победиме. Мислам дека сме доволно силни за да ги освоиме трите бода“, вели играчот за врска на Словачка, Алберт Руснак.

Дека овие оптимистички најави на Словаците се нереални покажува и традицијата која вели дека Хрватска во досегашните пет меча со овој ривал има три победи и две нерешени без ниту еден пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести