Словенечкиот судија Славко Винчиќ ја доби довербата да биде главен на дуелот меѓу Шпанија и Франција во првото полуфиналето на ЕП. Негови помошници ќе му бидат сонародниците Томаж Кланчиќ и Андраж Ковачиќ. Во ВАР-собата ќе бидат Словенецот Нејц Кајтазовиќ и Италијанците Паоло Валери и Масимилијано Ирати.
Винчиќ на ова ЕП судеше на два меча досега, и тоа дуелот од првото коло меѓу Унгарија и Швајцарија, како и на дербито од второто коло меѓу Шпанија и Италија, на кое Црвената фурија победи со 1:0, што значи дека Винчиќ им е среќен на Шпанците.
Второто полуфинале меѓу Англија и Холандија е за германскиот арбитер Феликс Звајер, а негови помошници ќе му бидат Стефан Луп и Марко Ачмулар. Главен во ВАР-собата ќе биде Бастијан Данкерт, а асистенти ќе му се Кристијан Дингерт и Марко Фриц.