Словенија победи со автогол, Сан Марино се радува на сефте гол во квалификациите

Словенија ја победи Летонија со 1:0 со автоголот на Игор Тарасовс и сега е фаворит за третото место во нашата квалификациска група што се игра за пласман на ЕП 2020 година.

На погодок и тоа прв во овој циклус се радуваше Сан Марино, а го постигна Марко Бернарди против Казахстан во поразот со 1:3. Гостите за 26 минути поведоа со 3:0, но и се првата селекција на која Сан Марино и даде гол.

Белгија ја декласира Русија со 4:1 во битката за првото место во И групата. Браќата Азар, Торган и Еден ги постигнаа првите три гола за „црвените ѓаволи“, а стрелец беше и Лукаку.

Голот за Русија го постигна Џикија, но тие се втори и ќе играат на ЕП, заедно со непоразената Белгија.

Шансите за настап на континенталниот самит ги задржа и Велс, со триумф од 2:0 во Баку против Азербејџан. Мур и Вилсон со голови во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот во меч од Е групата.

- Оглас -

Најнови вести