Словенци платија 1.000 евра за меч на Лејкерс на кој не настапија ѕвездите, па на сцена стапи Лука Дончиќ (Фото)

Тројца навивачи од Словенија патуваа во САД за да гледаат меч на ЛА Лејкерс, за кој игра и нивниот репрезентативец, Лука Дончиќ. Сепак, на дуелот против Милвоки, Лејкерси настапија без голем број на ѕвезди, меѓукои и Дончиќ, па навивачите се пожалија на социјалните мрежи.

„Патувавме од Словенија, купивме билети за 1.000 евра, а Лука, Леброн, Остин, Руи, Вандо – не играа. Лејкерс може да ни обезбедите нешто за следниот меч против Булс?„ – пишуваше во објавата на социјалните мрежи која стана вирална, а ја пренесоа и американски телевизии.

Тука на сцена стапил Лука Дончиќ, кој на неговите сонародници веднаш им испратил три билети за мечот против Чикаго булс, кој Лејкерси го загубија со 115-146.

Следуваше и нова објава од словенечките навивачи кои се заблагодарија за потегот на големата ѕвезда, но им се заблагодарија и на навивачите на ЛА Лејкерс, кои масовно го споделуваа статусот и помогнаа да добијат билети за мечот со Булс и во живо да ги гледаат НБА-ѕвездите за кои патуваа во САД.

 

- Оглас -

Најнови вести