Словенците ја добија Ек-Ју пресметката, Унгарија победи и чека помош за четвртфинале

Ракометната репрезентација на Унгарија славеше со 42:30 против Зеленортските острови во меч од последното коло од главната фаза во групата 2 на Светското првенство што се одржува во Полска и Шведска.

Унгарците со победата се искачија на второто место на табелата со шест бода, еден повеќе од Португалија која вечерва игра против Шведска. Унгарците ќе навиваат за Шведска која веќе го обезбеди првото место во групата, да ја победи Португалија.

Бодо, Бока и Роста со по седум постигнати голови беа најпрецизни кај Унгарија, додека кај Зеленортските острови најдобар беше Ландим со осум гола.

Во пресметката на двете селекции од поранешната СФРЈ, Словенија со 31:23 ја совлада Црна Гора и го освои третото место во групата 1 и си обезбеди квалификации за пласман на ЛОИ во Париз 2024.

Влах беше најпрецизен со шест гола, Новак даде пет за Словенија, додека кај Црна Гора се истакна Вујачиќ со пет гола.

- Оглас -

Најнови вести