Словенците како Летонците, заборавија како е да се победува

Словенија е многу поквалитетна селекција од Летонија, но има ист проблем, одамна нема победено никого, па со Македонија на „Стожице“ во недела ќе се обиде да го прекине постот од 7 меча без триумф.

На стартот од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година ремизираа 1-1 со Изреал, што им е за чудо четвртиот идентичен нерешен резултат во серија.

Во Лигата на нациите играа многу лошо и во Сегментот Ц беа последни во третата група, па во следното издание ќе играат во најслабата конкуренција, во Сегментот Д.

На стартот од квалификациите за ЕП 2020, пак, го ангажираа познатото лице и одличен стручњак Матјаж Кек за селектор, а под негова команда успеаја да се пласираат на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година.

Словенците во Хаифа против Израел интересно играа со стартен состав од сите 11 интернационалци, а имаат и фудбалер во МЛС-лигата, членот на Хјустон, Алјаж Струна.

Најпознато име им е голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, а најмногу играчи имаат од Серија А и одлично го познаваат Горан Пандев, па и Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Ги мачи серијалот од 7 меча без победа, ќе сакаат да го прекинат против нас и ќе бидат вистински тест за можностите на Македонија, која бара потврда на квалитетот и историска шанса за пласман на големо натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести