Словенците со епитети за Елмас, игра како Зидан, тој е македонскиот Лука Дончиќ

Против Летонија играше како Зинедин Зидан, а тој е македонскиот Лука Дончиќ. Со вакви прекрасни комплименти медиумите во Словенија го претставија нашиот најголем фудбалски бисер Елиф Елмас и предупредуваат дека тој ќе биде еден од главните адути кај гостите утре на „Стожице“.

„Кога ќе го погледнете лицето на Славиша Стојановиќ и неговото чудење од начинот на кој Елмас си поигруваше со Летонците нема да ви бидат претерани комплиментите на адреса на македонскиот Лука Дончиќ“, пишуваат новинарите на Сиол.нет.

И предупредуваат на опасноста која ќе доаѓа од Елмас, играч за кого велат дека осетно ги подобрил перформансите на играта на македонската репрезентација против Летонците.

Како потврда илустрираат со видеоматеријалот од последниот гол на мечот меѓу Македонија и Летонија и ремек делото на Елиф Елмас.

https://twitter.com/MagnificentFB/status/1108868486867177472

- Оглас -

Најнови вести