Слукас им се одмазди на своите, Фенербахче ја доби драмата против Олимпијакос

Костас Слукас ги декласира своите и беше најзаслужен за победата на Фенербахче во Атина против Олимпијакос со 73:72.

Грчкиот репрезентативец постигна клучна тројка за предност на гостите од 73:69, а потоа попусто за три поени погоди Папалукас.

Слукас беше и најефикасен на мечот со 20 поени, што дополнително ги разлути домашните навивачи, бидејќи 7 години беше член на Олимпијакос и оттаму премина во Фенербахче.

Финишот беше мошне драматичен, а домаќините имаа и шанса да победат, но лошо го организираа последниот напад и загубија.

Покрај Слукас, одличен меч одигра и Никола Калиниќ со 16 поени. Кај Олимпијакос, Костас Папаниколау беше најистакнат со 18 поени.

- Оглас -

Најнови вести