Смешна е казната за тинејџерот кој сексуално ја нападна судијката сред меч

Судијката Џулија Никастро засекогаш ќе го памти делењето на правдата на мечот од кадетската лига, одигран во Мартелаго, во близина на Венеција. Убавата 22-годишна Џулија беше главен делител на правдата, но во текот на средбата постојано добивала безобразни дофрлања од родителите на децата кои играле.

Кулминацијата на немилите настани се случила кога еден 14-годишен играч се соблекол гол и на судиката и понудил да имаат секс, или да му даде црвен картон. 

Овој инцидент бил пријавен во италијанската фудбалска федерација, а Џулија добила поддршка, но сепак казната која е изречена е повеќе од смешна. Момчето кое се соблекло голо добило само суспензија на одредено време, а клубот Трепорти треба да плати само 100 евра, поради однесувањето на родителите на децата кои играат во тој клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести