Снајперист за малку ќе пукал на стадионот во Минхен

Франција минимално со 1:0 ја победи Германија во Минхен, а освен погодокот за триумф на Галските петли, во фокусот беше инцидентот пред средбата. Активист на Грин Пис од воздух изврши „напад“ прелетувајќи со параглајдер. Во еден момент, се случи инцидент кога параглајдерот скина неколку телевизиски жици и почна неконтролирано да паѓа на стадионот.

Дел од пластика и метал паднаа на трибините и повредија најмалку двајца гледачи. Министерот за внатрешни работи на Баварската област, Јоаким Херман, вели дека ситуацијата била под контрола и дека доколку било утврдено дека се работи за терористички напад, параглајдерот ќе биде соборен, а човекот убиен.

„Снајперистите веќе го имаа на нишан. Ако полицијата утврдеше дека се работи за терористички напад, параглајдеристот ќе платеше со животот“, открива министерот за внатрешни работи.

https://twitter.com/i/status/1404882477076844546

 

- Оглас -

Најнови вести