Снајперот Бади Хилд урна тројкашки рекорд на Стеф Кари (Видео)

Сакраменто кингс го совлада Сан Антонио спарс со 122-102 во меч од НБА лигата на која се остакна Бади Хилд со девет тројки, кои му помогнаа да дојде до бројка од 800 тројки во професионалната кариера. Хилд стана првиот кошаркар во исторјата на НБА кој до 800 тројки дошол со помалку од 300 одиграни натпреваари.

Досегашниот рекорд го држеше Стеф Кари со 305 меча, а Хилд до 800 тројки дојде по 296 средби во НБА. Леброн Џејмс со 1.831 тројки се искачи на 15-тото место на вечнста листа на тројкаши.

https://twitter.com/i/status/1226380203523526657

 

- Оглас -

Најнови вести