Снукерот нема гајле со вирусот – Македонија остана со двајца претставници на ЕП во Португалија

Европското првенство во снукер што се игра во Португалија нема да биде прекинато поради Kоронавирусот и е еден од ретките спортски настани што се одржува на Стариот Kонтинент.

Македонија има тројца претставници, а во овој момент актуелниот шампион на нашата држава игра против Полјакот Даниел Холојда. Од 19 часот Данилов го чека нов меч против Грегори Кук од Северна Ирска. Утре последниот меч од групата го игра со Португалецот Тиаго Техеира.

Вториот наш претставник Влатко Јанев ги започнува своите мечеви утре. Во групата Ф ќе вкрсти со младиот бугарски репрезентативец  Велијан Димитров, потоа и со Ирецот Рајан Кронин и со претставникот на Украина, Алан Триг.

Настапот во категоријата до 18 години уште во групната фаза со една победа и три порази го заврши нашата млада надеж Филип Нешкоски. Во таа конкуренција втора година по ред шампион стана противникот Арон Хил од Ирска, кој го победи нашиот претставник во фазата по групи.

- Оглас -

Најнови вести