Со 186 милиони долари за три години го убедија да остане во Милвоки

Јанис Адетокумбо не планира наскоро да си замине од Милвоки бакс. Гркот се согласил да го продолжи договорот со Елените за уште три години и за верноста ќе добие 186 милиони долари.

Во минатата сезона Адетокумбо имаше просек од 31,1 поени по меч, негов рекорд во кариерата.

Во 2020 година Јанис потпиша петгодишен договор вреден 228 милиони долари, а со новиот договор од 186 милиони тој ќе остане во Милвоки до 2028 година.

Летово во Милвоки дојде ѕвездата Демиен Лилард, со што тимот стана сериозен кандидат за освојување на титулата во сезоната која почнува вечерва по полноќ.

- Оглас -

Најнови вести