Со 99-от гол на Роналдо Португалија оди на ЕП, Србија остана и без пирова победа (видео)

Европскиот првак Португалија резервираше билет за ЕП 2020 со победата од 2-0 на гостувањето кај Луксембург. На избраниците на Фернандо Сантос доволно им беше и еден гол на Бруно Фернандес за да го осигура пласманот за претстојниот континентален собир, на којшто ќе ја бранат титулата која ја освоија во 2016 година.

Португалците го скршија отпорот во 39-тата минута преку фудбалерот на Спортинг Лисабон, при тоа неискористувајќи бројни шанси за да ги решат сите дилеми. Сепак, во завршницата Роналдо успеа да го запише 99-от репрезентативец погодок во кариерата, за конечни 2-0.

Србија ремизираше при конечни 2-2 против Украина пред празни трибини во Белград. Орлите се надеваа дека во Луксембург ќе се случи чудо и Португалија ќе загуби, но тоа не се случи, а воедно примија гол во судиското надополнување и не остварија ниту пирова победа.

Тадиќ од пенал во деветтата минута донесе водство за домаќините, пред Јаремчук да израмни по половина час игра. Со погодокот на Митровиќ во 56-тата минута одново дојдоа до предност, меѓутоа Беседин во третата минута од судиското надополнување се погрижи за Украина без пораз да ги заврши овие квалификации.

https://www.youtube.com/watch?v=FvxdP3EzZHQ

- Оглас -

Најнови вести