Со десетка без примен гол Ливерпул е апсолутен фаворит против Саутемптон

1303 Барселона – Атлетико Мадрид (Ла Лига, Шпанија, 16.15 часот)

Двете екипи си имаат свои адути и предност во можеби и најважниот меч сезонава во Ла Лига. Атлетико ќе го почне големото дерби од првата позиција со два бода предност пред Барселона, но и Реал Мадрид, како главни конкуренти за титулата.

Барселона има долга традиција на успеси против Атлетико кога се игра на „Камп Ноу“ и серијата без пораз на Меси и соиграчите трае од 2006 година, или на 20 гостувања на Јорганџиите по ред.

Лани беше 2:2 на „Камп Ноу“ резултат што навидум му одговара на Атлетико, но само во однос на Барселона, не и во меѓусебните дуели со Реал Мадрид.

Атлетико ја победи Барса на домашен терен со 1:0, но реми не им одговара, бидејќи со Реал имаат послаб меѓусебен скор. Комбинации има многу, традицијата е лоша за Атлетико, Барса нема да има поддршка од околу 100 илјади навивачи, што не е занемарување во вакви дуели, па се очекува неизвесна битка.

Ние типуваме дека одлуката ќе падне со повеќе голови во второто полувреме во однос на првиот дел.

Предлог тип: 2>1 (1.90)

 

1703 Лион – Лориент (Лига 1, Франција, 17 часот)

Со вредна победа против директниот конкурент Монако за пласман во Лигата на шампионите, Лион си ги задржа шансите за пробив во Топ-4.

Лавовите сепак не ги држат конците на расплетот во свои раце, но секако мора да победуваат до крај на првенството. На гости им доаѓа неочекувано незгоден противник за нив.

Лион само еднаш го победи Лориент на последните шест дуели во Лига 1, а особено ги пече ланскиот дебакл од 1:4 на свој терен. Сега имаат шанса за реванш против екипа што се бори за опстанок.

Лион е поквалитетен тим, го имаат второто најефикасното трио во Лигата, во состав Депај-Екамби- Кадавере, кои заедно постигнаа дури 41 гол сезонава, па типуваме дека домаќините ќе победат со најмалку еден постигнат гол во двете полувремиња.

Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.05)

 

1004 Манчестер сити – Челзи (Премиерлига, Англија 18.30 часот)

Финалето во Лигата на шампионите денеска ќе ја има претпремиерата со дуел на финалистите Манчестер сити и Челзи. Ова е меч од 35. коло во Премиерлигата и е значајно за двете екипи.

Со триумф Сити ќе ја освои титулата и официјално ќе го добие пехарот наменет за шампионот, но и ќе му се реваншира на големиот ривал за поразот од 1:0 од пред 20-на дена што ги елиминира во полуфиналето на ФА купот и им го урна сонот за освојување на сите можни титули.

Челзи има поголем императив од домаќинот и не смее да загуби. Со пораз Сините од Лондон ќе си направат лоша увертира за Истанбул и финалето во ЛШ на 29. мај, но и ќе си ја загрозат четвртата позиција, последна која води во ЛШ и следната сезона.

Некако личи дека ремито е најреален исход, но според нас подобра варијанта е дека ќе има повеќе голови во второто полувреме.

Предлог тип: 2>1 (2.15)

 

1808 Баерн Минхен – Борусија Менхенгладбах (Бундеслига, Германија, 18.30 часот)

И Баерн како и Манчестер сити денеска го чека шампионскиот пехар, иако тоа и во Бундеслигата, како и во Премиерлигата е само формалност.

Баварците се веќе шампиони, бидејќи им требаат само два бода во последните три кола за и практично по 31-ви пат да станат германски шампиони.

Но, кога веќе се на прагот на титулата зошто да не ја освојат денеска во спектакл против ривал што знае да игра атрактивен фудбал и во меч со многу голови.

Борусија има опасен офанзивен потенцијал, игра отворен фудбал, а и нема што да загуби во Минхен, па очекуваме натпревар со многу голови.

Предлог тип: 2+I&4+ (2.45)

 

1005 Ливерпул – Саутемптон (Премиерлига, Англија, 21.15 часот)

Ливерпул редовно го гази Саутемптон на „Енфилд Роуд“, а ефектот на последните три меча на култниот стадион е три победи на домаќинот со гол-разлика 10:0.

За Ливерпул мечот значи многу и веројатно е и меѓу клучните за евентуален пробив меѓу четворката што ќе ја претставува Англија во Лигата на шампионите, па победата е императив.

Саутемптон разочара сезонава, бидејќи има подобар тим од моментната 16-та позиција на табелата. Сепак за нивна среќа нема да испаднат, иако вториот дел од сезоната што го почнаа со победа од 1:0 против Ливерпул на 4. јануари го одиграа катастрофално.

Ливерпул е во подобра форма, има и подобар тим и повеќе мотиви за победа.

Предлог тип: 1&3+ (1.78)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести