Со драматичната победа над Ливерпул, Манчестер јунајтед заслужи среќа, го доби најлесниот ривал за полуфиналето

Ковентри – Манчестер јунајтед и Челзи – Манчестер сити се полуфиналните двојки за ФА купот. Овие две пресметки ќе се играат на 20-21 април на неутрален терен, на „Вембли“ во Лондон.

Ковентри, кој е тим од англискиот Чемпионшип, и Јунајтед со ептен драматични победи стигнаа до полуфиналето. Ковентри не бил полуфиналист уште од 1987 година, кога го освои овој трофеј. Манчестер јунајтед лани беше финалист, а има 12 ФА куп-трофеи, последниот од 2016 година.

Бранителот на трофејот, Манчестер сити, оди по своето 13-то финале, а Челзи во 2018 година последен пат триумфира во ова натпреварување, во кое стигна до финале во пет од последните седум изданија.

- Оглас -

Најнови вести