Со Клоп забавата е загарантирана – Го имитираше Роки Балбоа за да го пофали голманот Адријан (Видео)

Со Јирген Клоп секогаше е забавно, а на многу досетлив начин менаџерот на Ливерпул го имитираше легендарниот лик на Роки Балбоа.

На забелешката на новинарот дека голманот Адријан беше јунак на мечот, Клоп во стилот на боксерскиот јунак од филмското платно извикуваше „Адријан“ со објаснување дека тоа го правеше и Роки Балбоа.

Алузијата е јасна, презимето на голманот на Ливерпул и името на сопругата на Роки Балбоа во култниот филм со неколку продолженија има идентичен англиски изговор.

Погледнете ја шеговитата реакција на Германецот по победата на Ливерпул во Истанбул, по подобро изведување на пеналите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести