Со комбинација од ракомет, кошарка, фудбал и тенис до интересен тикет

9202 Кјелце – Фленсбург (20:45 ч.)

Кјелце е машина која има 18 победи во последните 19 меча што ги одигра и со тоа покажува дека сезонава ќе биде еден од фаворитите во Лигата на шампионите. За разлика од полскиот тим, Фленсбург многу лошо започна во елитната лига, па по три меча, е на дното само со еден бод, освоен против ПСЖ. Сепак, Фленсбург не е толку слаб тим, посебно ако се знае дека несреќно загуби на гости кај Порто со 28:27 (имаше водство од 27:24).

Кјелце и Фленсбург во изминативе пет години имаат одиграно шест меча, а интересно е дека дури три завршиле нерешено, а на два победникот се решавал само со еден гол плус. Најголема победа има Фленсбург, и тоа на гости од последниот меч со 31:28. Најхрабрите може да бркаат нов „икс“ затоа што очекувањата се дека повторно ќе биде неизвесно до крајот, па Фленсбург дури и да загуби, тоа не би требало да биде со разлика поголема од два гола.

Предлог тип: 2 хендикеп 2,5 (2.00)

 

8440 Барселона – Олимпијакос (21 ч.)

Дерби на денот во кошаркарската Евролига. Синоќа во шесте меча домаќините се радуваа шестпати, но четири дуели беа многу неизвесни. Кога играат Барселона и Олимпијакос, традицијата вели дека на пет од последните шест средби гостите се радувале.

Сега Барселона е во улога на фаворит, но фактот дека Грците имаат само еден пораз во последните 13 дуели во сите натпреварувања најавува дека нема да биде лесно.

Предлог тип: 2 хендикеп 7,5 (1.95)

 

5710 Канада – Панама (01:30 ч.)

Меч од квалификациите за СП во Северна и Центрана Америка. Канаѓаните се експерти за нерешено. Имаат четири ремија и една победа во досегашните пет меча.

И Панама и Канада во досегашните квалификации само еднаш одиграле меч на којшто имало повеќе од два гола, што најавува дека ова ќе биде тврд дуел со малку погодоци. Традицијата вели дека дури четирипати од последните девет меѓусебни дуели било 0:0, а осумпати завршувале со 0-2 погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.74)

 

1614 Салвадор – Мексико (04:05 ч)

Мексико е лидер во овие квалификации за СП и реално треба да брка победа на гостувањето кај Салвадор. Меѓусебната традиција вели дека Мексико ги добил сите последни осум меча против Салвадор, па и сега сè останато освен триумф на гостите ќе им биде изненадување.

Предлог тип: 2 (1.59) – Квота од Супер тип во Sport Life

 

7101 Медведев – Димитров (21:30 ч.)

Рускиот тенисер има неверојатен мотив да триумфира на Мастерс турнирот во Индијан Велс, а тоа е освојување на првото место на АТП-листата. Медведев игра во одлична форма и победи на последните 10 меча, во кои загуби само еден сет, а на останатите без грешка ги „брише“ противниците.

Против бугарскиот тенисер Димитров последен пат играше оваа година во Синсинати и го победи лесно со 3:0, па реално и сега се очекува да слави без да загуби сет.

Предлог тип: Точен резултат 2:0 во сетови (1.40)

 

- Оглас -

Најнови вести