Со Лестер освои титула во Премиер лигата, а сега се тепаше со двојно помлад од него, и тоа во развојната лига (Видео)

Дени Дринквотер беше еден од главните играчи во шампионската генерација на Лестер во 2016 година. По освојувањето на тронот, Дринквотер направи трансфер во Челзи, но тогаш кариерата му тргна во надолна линија. Не само што не успеа да се наметне во првиот состав на лондонскиот тим, туку двапати беше даден на позајмица во Барнли и Астон вила, но и таму не се задржа долго.

Затоа, Дринквотер беше испратен во вториот тим на Челзи, каде што најчесто играат талентите. Дринквотер синоќа настапи за У23 тимот на Челзи и направи скандал. На 15-тина минути пред крајот, се случија немили сцени. Младиот 16-годишен играч на Тотенхем, Алфи Девин, незгодно го фаулираше Дринквотер, а тоа воопшто не му се допадна на искусниот играч од средниот ред и реши да го удри противникот.

Дринквотер има 30 години и е безмалку двојно постар од противникот со кого реши да се тепа. За овој потег, некогашниот шампионски фудбалер заработи црвен картон, а малку фалеше да се случи поголем инцидент.

На овој меч, по речиси две години откако отиде во пензија, повторно на теренот се врати Петр Чех. Легендарниот голман бранеше за У23 тимот на Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести