Со љубов, од Алиоски (видео)

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, по подолга пауза повторно се најде на листата стрелци за неговиот Лидс. Тимот на Марсело Бијелса преку „бомбата“ на Алиоски поведе на гостувањето кај Хадерсфилд во 50-тата минута, па сега гостите се блиску до освојување на нови три бода со кои ќе бидат лидери на табелата во Шампионат лигата.

Алиоски одлично ја проследи одбиената топка по прекинот на неговата екипа, па без размислување ја зафати волеј и ја „искина“ мрежата на домашната екипа.

Leeds 1-0 Huddersfield alioski 50’ great goal from soccer

- Оглас -

Најнови вести