Со „луда“ тројка ЦСКА го сруши Реал Мадрид (Видео)

ЦСКА Москва минимално со 74:73 го победи Реал Мадрид во дербито на 11-тото коло во кошаркарската Евролига. Гостите од Мадрид во еден момент водеа и со 11 поени (36:25), но ЦСКА не се предаде. При водство од 70:68 за домаќините, Реал погоди тројка на 20 секунди до крајот.

Последниот напад беше за ЦСКА, а херој на мечот беше Мајк Џејмс, кој погоди тројка, и тоа под прекршок на помалку од три секунди до крајот. Покрај тројката , Џејмс го даде и дополнителното слободно фрлање и тоа беше доволно ЦСКА на крајот да се радува.

Во останатите мечеви кои се играа вечерва во Евролигата: Црвена ѕвезда – Анадолу Ефес 64:75, Жалгирис – Зенит 75:83, Алба – Химки 100:80, Олимпијакос – Басконија 76:90, Макаби Тел Авив – Милано 85:86.

- Оглас -

Најнови вести