Со младите од Барса, Шпанија би можела да има дрим-тим на ЛОИ во Париз

Според правилата за настап на фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри, во тимовите смее да има играчи до 23 години, плус само уште тројца повозрасни.

Следните ЛОИ закажани за следното лето ќе се одржат во Париз, а Французите најавија дека сакаат да го освојат златото во фудбал и Килијан Мбапе планира да игра за Триколорите, но сериозна конкуренција би можеле да имаат во Шпанија.

Во 2024 има и Европско првенство во фудбал, па тоа е приоритет, но ако решат комплетни да играат во Париз, Шпанците би имале моќен состав благодарение на неколку првотимци од Барселона кои се родени по 1 јануари 2001.

Потенцијални репрезентативци на Шпанија на ЛОИ во Париз се: Педри, Гави, Балде, Јамал и Фермин Лопес од Барса, но и други ѕвезди како: Нико Вилијамс, Ансу Фати, Јереми Пино, Ерик Гарсија…

- Оглас -

Најнови вести