Со многу добитни тикети заработи автомобил, неговото ливче вреди да се одигра

Петок, ден за нов добротворен тикет во хуманитарната акција на Sport Life. За овој викенд гостин ни е еден докажан експерт за добитни тикети. Александар Трендафилов од Кочани е вљубеник во спортот кој се има покажано и како одличен во составување тикети во обложувалница. Впрочем, тој е Типстер шампионот од минатата сезона, кога во неговите раце завршија клучевите од автомобилот „пежо 308“. Типстер купот оваа сезона е уште поатрактивен бидејќи главната премија е освојување СТАН ВО СКОПЈЕ. Дури и досега да не сте биле дел од Типстер купот, до мај 2020 година имате реална шанса да влезете во финалето и да се борите за единствената можност да добиете СТАН ВО СКОПЈЕ.

Александар е голем фан на Манчестер јунајтед, па како што вели самиот, доколку играат Црвените ѓаволи, речиси и да нема тикет на којшто не е ставен неговиот омилен клуб. Интересно е што Трендафилов одбра и дуели на екипи во кои играат македонски репрезентативци.

„Автомобилот што го добив на Типтер купот од Sport Life го возам и одлично ми служи. Мило ми е што ме поканивте да бидам дел од оваа хуманитарна акција и се надевам дека тикетот ќе биде добитен, посебно затоа што парите треба да заминат за луѓето од ранливите категории. Секако дека тикетот ќе го започнам со Манчестер јунајтед. Иако гостува кај градскиот ривал Сити, типувам дека Јунајтед ќе даде барем еден гол. Со Мурињо на чело, верувам и во победа на Тотенхем против Барнли. Елиф Елмас со Наполи треба да се радува на гости кај Удинезе, а Стефан Ристовски со Спортинг ќе го победи Мореиренсе. Леванте на Енис Барди иако не е фаворит во градското дерби против Валенсија, очекувам домаќините да постигнат погодок. И Џенова со Пандев треба да даде гол на гости кај Лече, а Лидс и Алиоски ќе се радуваат против Хадерсфилд. Нема да го заборавам и Бобан Николов, кој треба да победи со МОЛ Фехервар против Пакс“, вели Александар за својот добротворен тикет во хуманитарната акција.

- Оглас -

Најнови вести