Со новата „ракета“ во дербијата со Бетис, Ракитиќ испиша историја (Видео)

Севилја и Бетис по трети пат по ред одиграа нерешено во лутото градско дерби, а со вечерашниот гол за 1-1, што беше и конечен резултат, Хрватот Иван Ракитиќ испиша историја.

Популарниот Ракета стана најефикасен играч на Севилја во дуелите со Бетис. Тој против Бетис има дадено 7 гола, од кои пет во дресот на Севилја, а два како играч на Барселона.

За Севилја ова е петто реми по ред во лигата, а вкупно имаат шест нерешени резултати во 12 кола сезонава. Последната лигашка победа на Бетис против Севилја беше во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести