Последниот напад го реши победникот на дуелот Детроит – Бостон (Видео)

Бостон Селтикс се реваншираше на Детроит за поразот од пред два дена и сега славеа со 122:120. Денешниот дуел беше како пресликан од претходниот, затоа што и тогаш и сега, победникот беше решен во последните секунди. Ако на првата нивна средба сезонава се радуваше Детроит со 96:93, сега Бостон имаше повеќе нерви во завршницата.

Беше 120:120, а Бостон го имаше последниот напад. Топката стигна до искусниот Џејсон Тејтум, кој успеа да поентира на 2,9 секудни до крајот. Детроит не успеа да упати шут во преостанатото време, па Пистонс го претрпе петиот пораз во шестиот меч сезонава.

Браун со 31 поени беше најефикасен кај Бостон, додека Тајтум заврши со 24 поени, 12 асистенции и осум скока. Кај Детроит најпрецизен беше Грант со 22 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести