Со позитивен дух против коронавирусот – Поздрав на Роналдо што ќе ве насмее (Видео)

Кристијано Роналдо успеа барем малку да извлече насмевки на фудбалските симпатизери во Италија кои не можат да присуствуваат на мечевите во Серија А поради Коронавирусот.

Пред почетокот на Дербито на Италија меѓу Јувентус и Интер кое е во тек, а се игра пред празни трибини, Португалецот имитираше поздрав со навивачите, како што е вообичаено за него во нормална ситуација.

Но, сега немаше симпатизери на Јувентус на „Алијанц арената“ во Торино, а потегот на ЦР измами насмевки на лицата на фудбалските вљубеници.

Погледнете како Роналдо се поздравува со замислените навивачи.

https://twitter.com/TotalCristiano/status/1236733182889938947?s=20

- Оглас -

Најнови вести