Со Сон во составот Јужнокорејците помирно го чекаат Мундијалот (Фото)

Најдобриот и најпознат фудбалер од Јужна Кореа, Хјунг Мин Сон е на списокот со 26 фудбалери кои ќе патуваат на Мундијалот во Катар, а нацијата здивна по повредата на фудбалерот на Тотенхем, кој сепак ќе игра на шампионатот од 20. ноември до 18. декември.

Португалецот Пауло Бенто исто така реши еден голем проблем. Се стравуваше дека Сон нема да настапи во Катар, по тешката повреда на јаболчницата и операцијата што му беше извршена по мечот од Лигата на шампионите меѓу Олимпик Марсеј и Тотенхем.

Покрај Сон најголема ѕвезда на Јужна Кореа е соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Ким Мин-јае.

Јужна Кореа е во Х групата со Португалија, Уругвај и Гана. Првиот меч им е против Уругвајците на 24, ноември, четири дена подоцна ќе играат со Гана, а фазата по групи ќе ја завршат со натпревар против Португалија на 2. декември.

 

- Оглас -

Најнови вести