Со свирежи “поздравено“ враќањето на Азар во Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид одигра одличен натпревар против Ваљадолид и забележа победа од 6-0. Сепак, еден интересен момент се случи во 65. минута. После пауза од 204 дена на теренот се најде Еден Азар. Публиката на Сантијаго Бернабе со свирежи го испрати неговото враќање во дресот на Реал Мадрид. Азар во 91. минута асистираше за погодокот на Лукас, со кој беа поставени конечните 6-0.

Азар важи за едно од најголемите промашувања во трансфер политиката во историјата на клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести