Со уплата од 20 денари може да се добие многу, доказ се четири неверојатни тикети

Викендов беше плоден за четворица обложувачи кои во Sport Life уплатиле само по 20 денари на своите тикети, а заработија феноменални суми.

НАЈГОЛЕМАТА ДОБИВКА ВИКЕНДОВ Е ВО БИТОЛА

Битолчанец со вложени само 20 денари, доби 215.120 денари на тикет уплатен во Sport Life на кој има погодени седум саботни фудбалски мечеви, а типувани се комбинации во кои требаше да се погоди исход и по првите полувремиња.

Овој битолчанец се покажа како одличен прогнозер и познавач на екипите од северниот дел на Европа, па заслужено се радуваше на богата добивка. На тикетот најмала квота е 2.75, што покажува дека ризикот бил голем.

БАРСА, ПОРТО И СЕВИЛЈА СО ГОЛОВИ ПО 90-ТАта МИНУТА ДОНЕСОА РАДОСТ ВО КУМАНОВО

Во уплатно место во Куманово, тикет со 20 денари уплата, донесе супер добивка од 135.530 денари. Погодени се 13 фудбалски парови од мечеви кои се играа викендов. Најголема квота е погодена на двојката на Евертон против Лестер.

Овој кумановец имал и многу среќа. Барселона и Порто со голови за победа во судиското продолжение во саботата помогнаа овој тикет да биде во игра за добитен и в недела, а Вилјареал и Севилја ја донесоа радоста во неделата. Таму беше типувано дека двата тима ќе дадат гол и успеаја, иако до 85-тата минута резултатот беше 0-0.

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ ПОГОДАТ 17 ФИКСА КАКО ШТО УСПЕА МАЈСТОРОТ ОД ВОЛКОВО

Во скопско Волково со 20 денари уплата, тикет носи добивка од 96.351. Погодени се 17 фикса на фудбалски мечеви и сите се единици или двојки од различни лиги низ Европа. Има мечеви со мали квоти, но погодени се и некои поголеми квоти, како на пример 2.25 за триумфот на Барса над Бетис во Севилја или 2.30 за победа на ФЦСБ (Стеауа) против Универзитатеа Крајова, средби на кои победничките голови паднаа во финишот.

ШЕСТ ПОГОДЕНИ РИЗИЧНИ МЕЧЕВИ МУ ДОНЕСОА ЌАР ОД 1.500 ЕВРА

Во населбата Мачук во Струмица, со 20 денари, исплатен е тикет со добивка од 92.645. Овој играч погодил шест меча, и тоа типувал на играта дека еден од тимовите или ќе победи на крај или ќе води по прво полувреме, и тоа играл на некои екипи што беа аутсајдери. Му се посреќи и си најде место во топ-тикетите за викендов.

- Оглас -

Најнови вести