Со ваква глупост на голманот, нема Лига на шампиони (Видео)

Динамо Тбилиси се прости од надежите дека може да ја продолжи квалификациската авантура кон настап во фазата по групи во Лигата на шампионите, а голем виновник е голманот Роин Квашкаѕе со лошата реакција во 57-мата минута.

Квашкаѕе, кој е поранешен репрезентативец на Грузија и искусен голман, направи почетничка грешка, лошо ја смири топката и потоа направи уште една голема глупост и фаул за пенал.

Големиот кикс на голманот на Динамо Тбилиси можете да го погледнете ОВДЕ.

Емин Махмудов го реализира пеналот за Нефчи и шампионот на Азербејџан израмни на 1:1, а потоа и победи со голот на Аласгаров со 2:1.

Идентичен беше резултатот и на првиот меч во Тбилиси, но Динамо имаше шанса за пласман понатаму во квалификациите за ЛШ, до киксот на Квашкаѕе.

Гостите од Грузија водеа на реваншот со 1:0 со голот на Милан Радин во 51-вата минута, што им даваше шанса според новото прваило на УЕФА да не важи предност со повеќе голови постигнати на гости, да играат барем продолженија во Баку.

Денеска Каират Алмати го елиминира Макаби Хаифа со победа од 2:0 на домашен терен, понатаму оди и Алашкерт по триумфот над Конах Квај со 1:0 по продолженија, а во тек е реваншот меѓу Легија и Бодо Глимт, на кој Полјаците водат со 1:0 по првиот дел, откако победија во Норвешка со 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести