Унгарецот Доминик Собослаи по ремито на Ливерпул против Тотенхем, кога примија гол во финишот, рече дека нема објаснување зошто не играат добро како минатата сезона, кога ја освоија титулата во Премиер лигата.
Црвените во моментов се петти на табелата (најверојатно и петтото место во Премиер лигата ќе води во ЛШ), но имаат само еден бод повеќе од шестиот Челзи, а ако вечерва победи Брентфорд, Пчелите ќе бидат на минус два зад Ливерпул.
„Не знам зошто ни се случува ова често примање голови во последна минута, навистина не знам. Ги разбирам свирежите од публиката, не играме како што треба. Мора да се разбудиме затоа што ако продолжиме вака, ќе треба да бидеме среќни со играње во Конференциската лига“, изјави мајсторот за слободни удари.

