Собозлаи и на 16 и на 20 години покажа дека е човек од одлука, затоа е на радарот на Кралевите (видео)

Доминик Собозлаи е следниот талент на Салцбург за кого ќе се пишува во блиска иднина дека е новата ѕвезда на европскиот фудбал, но и дека за неговите услуги ќе се бие битка меѓу најголемите клубови од Стариот континент.

Супер-талентираниот офанзивец во четвртото со фанстастична соло-акција во судиското надополнување ја одведен Унгарија на ЕП, забивајќи за пресврт од 2-1 на „Пушкаш арената“ во Будимпешта. Неговата магија беше аларм за Кралскиот клуб, кој своето внимание го насочи кон Собозлаи и го додаде во листата на можни засилувања.

Дека е човек од одлука, Собозлаи покажа и како 16-годишен тинејџер пред три години. Селекцијата на Унгарија до 17 години се бореше за пласман на кадетското ЕП, а Слобозлаи со победнички гол против Норвешка во последните минути ѝ донесе радост на својата селекција.

Еден од најдобрите млади играчи во моментов, блеска и на големата клупска сцена. Со Салцбург е неприкосновен во австрискиот шампионат, а изминативе сезони е редовен учесник во Лигата на шампионите.

Моментално неговата цена на пазарот е 25 милиони евра, која сос сигурност ќе стане повисока со секој следен настап на Слобозаи во кој ќе покажа блесок како пред два дена.

- Оглас -

Најнови вести