Соиграч на Барди е најбрз играч во шпанската лига

Според официјалните податоци, најбрзи фудбалери во шпанското првенство се Постиго од Леванте и Порту од Жирона, иако ако ги прашате фановите, веројатно ќе кажат дека е Герет Бејл од Реал Мадрид или Усман Дембеле од Барселона. Интересно е што Велшанецот и Французинот не се ниту во првите пет, според брзината измерена во текот на оваа сезона.

Постиго на еден меч имал спринт во кој трчал со брзина од 34,99 километри на час и засега е најбрз во лигата. Ова е брзина со која би можел да се натпреварува на врвни атлетски трки на 100 метри. Иста таква брзина постигнал и Порту од Жирона.

Третото место го држи Наваро од Алавес со 34,97 км/ч, неговиот клупски колега Џони со 34,95 км/ч, а во топ 5 влегува и Ињаки Вилијамс од Атлетик Билбао кому му измериле брзина од 34,91 км/ч.

- Оглас -

Најнови вести