Соиграч на Елмас изедначи шпански рекорд и најави нов европски првак

Победата на Наполи над Ливерпул од 2-0 не само што најави голема битка за првото место во таа група, во која опасен ќе биде и австриски Салцбург, туку може да значи и почеток на крајот на владеењето на Црвените во Лигата на шампионите.

Лошата вест за Ливерпул е дека досега во историјата на Лигата на шампионите (од 1992 година наваму) ниту еден тим не го освоил трофејот откако загубил во првото коло. Најчесто трофејот го освојувале тимови кои победувале на отворањето на сезоната, но шестпати титулата им припадна на екипи кои стартуваа со нерешено. Последен тим кој не победи во првото коло, а стана првак на ЛШ беше Интер од 2009/10.

Наполи со Елиф Елмас на теренот му даде два гола на Ливерпул, а судбината на гостите дефинитивно ја запечати Фернандо Љоренте. Искусниот шпански напаѓач стана вториот Шпанец по Фернандо Мориентес, кој во елитното европско натпреварување постигнал голови во дресовите на четири различни клубови. Љоренте во ЛШ има давано голови за Јувентус, Севилја, Тотенхем и Наполи. Мориентер погодуваше за Реал Мадрид, Монако, Ливерпул и Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести