Соиграч на Елмас најмногу го „изеде“: Казнет е 200.000 евра

Играчите на Наполи се казнети со 25 или 50 отсто од месечната плата, а според пресметките, вкупната казна е 2,5 милиони евра. Од сите играчи најлошо поминал Алан, чија казна е 200.000 евра. Ваквата казна е поради жестоката расправија на Алан со синот на газдата, Де Лаурентис.

Играчите не се помирија со овие казни и преку својот адвокат ќе се жалат, а конечната разврска треба да биде во следните неколку денови.

Наполи поминува во една од најголемите резултатски кризи во последните неколку години. Тимот нема победа на последните шест меча (пет ремија и еден пораз). Во последните 10 меча, Наполи има само три победи, а в среда игра дерби против Ливерпул на „Енфилд роуд“ во Лигата на шампиони. Во првенството на Италија, Наполи веќе заостанува 15 бодови зад лидерот Јувентус.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести