Соиграч на Јаховиќ доби деби повик во репрезентацијата, реакцијата му е бесценета (Видео)

Апларслан Озтурк, соиграчот на Адис Јаховиќ од Гезтепе вечерва е резерва за Турција на дуелот против Летонија, а за првпат доби повик да игра за А селекцијата на земјата од која влече семејни корени и реакцијата му е бесценета.

Видеото што е снимено и објавено во моментните кога по телефон Озтурк добива информација дека ќе дебитира за Турција стана вирален хит на социјалните мрежи.

Alparslan Öztürk’s wholesome reaction to being called up for Turkish National Team from soccer

Озтурк скокаше од радост, а неговата приказна е интересна. Роден е во Антверпен, Белгија и играше за оваа селекција во младинските категории до 18, 19 и до 21 година.

Почна за селекцијата на Турција за фудбалери до 18 години, па го смени курсот и настапуваше за помладите репрезентации на Белгија, за потоа повторно и конечно да одлучи да игра за земјата од која влече семејни корени.

Вечерва е резерва во Истанбул, на дуелот меѓу А селекциите на Турција и Летонија, а радоста беше голема за повикот што го доби да биде дебитант.

 

- Оглас -

Најнови вести