Соиграч на Ристевски е среќен и со пораз, преживеа атомски удар со копачка во глава (Видео)

Патрик Бача е среќен и по поразот на Ујпешт во големото дерби со Ференцварош, бидејќи и буквално преживеа хорор по невидено бруталниот старт со копачка во глава од Абрахам Фримпонг.

Интернационалецот од Гана со класично мајагери во скок со копачката го погоди соиграчот на Кире Ристевски и Бача имаше многу среќа.

https://www.youtube.com/watch?v=d1RIMpOw7aw&feature=emb_logo

Можеше да биде крваво и со многу посериозни последици по несфатливиот потег на Фримпонг во моменти кога беше јасно дека Ференцварош ќе го добие дербито.

Бруталниот старт на Фримпонг се случи во третата минута од судиското продолжение на мечот што го доби шампионот со 2:0.

Ганецот веднаш беше исклучен, но влезе во вербален конфликт со останатите играчи на Ујпешт, тим за кој во дербито играше и нашиот репрезентативец Кире Ристевски.

 

- Оглас -

Најнови вести