Соиграч на Ристовски ја заврши кариерата по тешка повреда

Жереми Матје, искусниот дефанзивец на Спортинг Лисабон, одлучи да се пензионира откако вчера на тренинг се здоби со тешка повреда на коленото од левата нога. Матје секако планираше да се повлече по крајот на сезоната, но тоа сакаше да го направи на терен, а сега повредата го натера да ја заврши кариерата малку порано од предвиденото.

„Тешко е да се каже збогум на ваков начин бидејќи сакав за последен пат да играм на домашниот терен. Сепак, животот оди понатаму. Задоволство беше да се бранат боите на овој клуб, уживав во секој момент на теренот покрај моите соиграчи“, истакна 36-годишниот Матје за официјалната веб-страница на Спортинг.

Матје од 2017 година беше член на Лавовите, пристигна како големо засилување од Барселона. Во кариерата играше уште за Тулуз и Валенсија, а кариерата ја почна во Сошо.

- Оглас -

Најнови вести