Солари в понеделник добива отказ и Мурињо се враќа во Реал Мадрид

Катастрофалните резултати и фактот дека Реал Мадрид сезонава ќе заврши без ниту еден освоен трофеј е причина да има нова тренерска смена на клупата на најтрофејниот шпански клуб. Според најавите на повеќе светски медиуми, Сантијаго Солари ќе добие отказ, а Жозе Мурињо за неколку дена повторно ќе биде назначен за тренер на мадридскиот гигант.

Најавено е дека Солари в недела на дуелот на Реал против Валјадолид за последен пат ќе седи на тренерската клупа на „Сантијаго Бернабеу“, а потоа, без разлика на резултатот, во понеделник ќе добие отказ. Истиот ден се очекува и официјално да биде потврдено дека Мурињо ќе биде неговиот наследник.

Мурињо беше на клупата на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, а успеа да ги освои Купот и првенството на Шпанија. По работата во Реал, Мурињо потоа беше тренер во Челзи, па во Манчестер јунајтед, од каде што пред три месеци доби отказ.

Реал Мадрид имаше очајни последни две недели. Тимот претрпе четири порази по ред на домашен терен и на тој начин беше елиминиран од Купот на Шпанија и од Лигата на шампионите, а во трката за титулата во Примера веќе заостанува 12 бодови.

- Оглас -

Најнови вести