Солскјер донесе одлука за тоа кој ќе биде капитен на Манчестер јунајтед во новата сезона

Менаџерот на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер реши да не го менува Хари Мегваер од капитенската позиција. И покрај сите проблеми кои ги направи додека беше на одмор во Грција, Мегваер останува предводник на Црвените ѓаволи.

Поради тепачката на Миконос, Мегваер беше уапсен, а потоа условно пуштен, а како казна, не беше повикан во репрезентацијата на Англија за првите два дуели од Лигата на нации. Сепак, дефанзивецот ќе ја носи капитенската лента во тимот од „Олд Трафорд“.

„Хари ја има мојата поддршка и мислам дека е добро решение тој да остане капитен и покрај тоа што се случуваше цело лето“, објасни Солскјер.

 

- Оглас -

Најнови вести