Солскјер: Играчите треба да докажат дека се подобри од тие 1:6

Манчестер јунајтед викендов ќе гостува во Лондон кај Тотенхем во меч кој има посебно значење за гостите. Во есенскиот дел од сезоната, Тотенхем го понижи Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ и победи со 6:1. Тренерот на Црвените ѓаволи, Оле Гунар Солскјер вели дека неговите фудбалери ќе бидат посебно мотивирани да докажат дека тој пораз бил многу болен.

„Мислам дека играчите со многу болка се сеќаваат на тој меч. Гордоста ни беше срушена. Бевме очајни на тој дуел. Сигурен сум дека играчите ќе сакаат да докажат дека се подобри од тоа. Тогаш најмногу ни недостасуваше физичката подготовеност, сега ситуацијата е поинакна“, вели Солскјер, кој додава дека на последниот меч, работата тргнала многу на лошо, кога Марсијал добил директен црвен картон во 28 минута.

Дуелот на „Олд Трафорд“ започна добро за Манчестер кој поведе со 1:0 по само две минути игра, но Тотенхем возврати и веќе во 7 минута гостите поведоа со 2:1. По црвениот картон на Марсијал, играта на Манчестер се распадна, а Тотенхем немаше милост и до крајот на мечот даде уште четири гола за конечни 6:1 за лондонскиот премиерлигаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести