Солскјер: Јунајтед е во моето срце, ќе ја оправдам довербата

Манчестер јунајтед и официјално го назначи Оле Гунар Солскјер за нов менаџер на екипата. Како што беше најавено вчера, тој ќе биде вршител на должноста до крајот на сезоната, додека клубот напоредно ќе работи на случајот – долгорочно решение за предводник на „црвените ѓаволи“. Тој веднаш ќе го преземе тимот, додека Мајкл Карик ќе остане на функцијата асистент.

Солскјер речиси во целата своја кариера ја помина во дресот на Јунајтед, од 1996 до 2017 година забележа 336 настапи во сите натпреварувања, на кои постигна 126 гола. Познат како „убиецот со бебешко лице“, Солскјер го очекува тежок предизвик, како и да го среди огромниот хаос кој го остави зад себе Жозе Мурињо.

„Манчестер јунајтед е во моето срце и тоа никогаш нема да се смени. Неверојатно е што повторно сум тука, сега добивам многу поголема, но и потешка улога во тимот. Возбуден сум што ќе работам со голем број врвни фудбалери, поседуваме многу квалитет, а ќе се обидеме тоа да го покажеме на теренот“, истакна Солскјер.

Откако во 2007 година ја заврши фудбалската кариера, Солскјер стана тренер на резервниот тим на Јунајтед, а потоа ја презеде работата во Молде. За норвешкиот стратег прв меч како менаџер на Јунајтед ќе биде гостување во Кардиф, тимот кој Солскјер го водеше во сезоната 2013/14, каде што беше отпуштен само по неколку месеци откако не успеа да го спаси велшкиот клуб од елиминација во втората англиска лига.

- Оглас -

Најнови вести