Солскјер ќе биде тренер на тим кој играше осминафинале во ЛШ?!

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер е главен фаворит за преземање на тренерското место во белгиски Клуб Бриж кој сезонава стигна до осминафинале во Лигата на шампионите.

Бриж е во потрага по тренер откако во март се разделија со Скот Паркер. На местото на Паркер го ставија Карл Хофкенс, но само како привремено решение.

Солскјер е без работа од ноември 2021 година, кога беше избркан од Манчестер јунајтед. Но, тој не е единствен кандидат за тренер на Бриж, се спомнува и Дино Топмелер (му беше помошник на Нагелсман во Баерн).

- Оглас -

Најнови вести