Солскјер: Ќе продолжам да доаѓам да го гледам Манчестер јунајтед

Оле Гунар Солскјер помина речиси три години како тренер на Манчестер јунајтед, но не успеа да донесе ниту еден трофеј во витрините на „Олд Трафорд“. Саботниот пораз од 4:1 на гостувањето кај Ватфорд беше поседен во низата разочарувачки резултати, па Солскјер доби отказ.

Норвежанецот, кој како играч имаше одлична кариера во Манчестер, сега не се прослави. Солскјер вели дека е среќен што повторно бил дел од тимот на Манчестер и дека сега ќе продолжи да го следи тимот како навивач од трибините.

„Знаете колку ми значи овој клуб и што сакав да постигнам тука. Сакав да направам чекор напред во трката за титулата, сакав да освојуваме трофеи. Нема да давам интервјуа за новинарите бидејќи сите знаат дека сè дадов за овој клуб и веќе не сакам да зборувам за тоа. Жалам што не успеав во мојата намера да донесам трофеи и затоа сега е време да си заминам. Уживав од првата до последната минута тука. Ѝ благодарам на управата која ми даде шанса, им благодарам на навивачите кои ми даваа поддршка. И понатаму ќе доаѓам на стадион, ќе ги гледам натпреварите. Овој тим има голем потенцијал и знам дека ќе направи исчекор напред“, рече Солскјер во последното интервју за клупската телевизија на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести